Серена Вилијамс е една од најдобрите тенисерки на сите времиња, но веќе некое време е надвод од белиот спорт, во пензија со тоа што сега се обидува да се врати ан најголемата сцена и за тоа имаме најдобра потврда.
Имено Американката која во септември ќе го прослави 45 роденден ќе настапи на третиот грен слем во оваа календарска година Вимблдон и тоа во поединечна конкуренција. Таа доби вајлд карта од организаторите и ќе настапи и во сингл на турнирот кој има освоено седум пехари, но и воедно нема остварено победа уште од 2019 година кога во финалето загуби од Симона Халеп.
Вилијамс во изминатиов период беше активна со мечеви во дубл, натпреварување во кое исто ќе биде активна на грен слемот во Лондон заедно со нејзината сестра Венус откако добија специјални покани.






