Пожар во Визбегово зафатил возило на скопските пожарникари, повреден еден пожарникар

Макфакс

21/06/2026

14:30

216

Големина на фонт

а а а

Во село Визбегово избувнал пожар кој зафатил и службено возило на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, при што еден пожарникар е повреден и пренесен во Ургентниот центар за да му биде укажана лекарска помош.

Пожарникар е повреден при интервенција на пожар што избувнал во селото Визбегово, скопско, а во огнената стихија било зафатено и службено возило на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 20 јуни во 14:10 часот, кога настанал пожар на сува трева. Огнот се проширил и зафатил патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Додека извршувал работни задачи на терен, еден пожарникар од Скопје се здобил со повреди. Тој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Пожарот во меѓувреме е изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се утврдуваат околностите под кои избувнал и се проширил пожарот.