[ФОТО] Иванка Трамп ги покажа стомачните мускули во бикини: Има 44 години, а изгледа како девојче

Точка

21/06/2026

10:00

2.605

Големина на фонт

а а а

Некогаш беше една од највлијателните жени во Вашингтон и постојано под будното око на јавноста, но денес ретко споделува детали од приватниот живот.

Затоа новата објава на Иванка Трамп на социјалните мрежи привлече големо внимание. Ќерката на американскиот претседател покажа како ги поминува деновите подалеку од политиката, споделувајќи фотографии од одмори, семејни собири и интимни моменти со сопругот и децата.


Иванка Трамп (44), ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, даде редок поглед во својот живот по повлекувањето од политиката, објавувајќи серија фотографии од одмор на Инстаграм. Поранешната советничка во Белата куќа ја покажа својата фигура во костим за капење и сподели моменти од приватниот живот.

„Силен крај на пролетта“, напиша таа во описот на објавата. „Лето, подготвени сме за тебе!“.

Меѓу објавите се најде и фотографија од минатомесечната свадба на Доналд Трамп помладиот на Бахамите, за која таа носеше свилена фустан од „Донде Естебан“ од 695 долари. Таа сподели и семејни моменти, како што е прославата на 80-тиот роденден на нејзиниот татко со нејзината 14-годишна ќерка Арабела, како и фотографии од нејзините синови Џозеф (12) и Теодор (10), кои ги има со сопругот Џаред Кушнер. Фотографиите, како што се очекуваше, предизвикаа голем број коментари, а меѓу најчестите се дека ќерката на претседателот на САД изгледа како девојче.

Иванка и Кушнер се венчаа во октомври 2009 година во Националниот голф клуб Трамп во Њу Џерси, години пред нејзиниот татко да стане претседател во 2016 година. Двојката се запознала во 2007 година на деловен ручек, а ги споила заеднички пријател.

„Нè споија сосема безопасно, мислејќи дека нашиот интерес ќе биде чисто деловен“, се присетила Иванка во интервју за „Вог“ во 2015 година. „Секогаш кога ќе ги видиме тие пријатели, им велиме: „Ова е најдобриот договор што некогаш сме го направиле!“.


Осврнувајќи се на нивната врска, Иванка ја пофалила смиреноста и непоколебливата поддршка на својот сопруг.

„Неговите соништа се смели, тој е неверојатно опуштен и смирен“, изјавила таа за „Вог“ во тоа време. „Светот околу него можеби се урива, но ништо не може да ја наруши неговата смиреност. Тој е многу ориентиран кон решенија. Освен тоа, беше убаво да се најде некој што е навистина добра личност. Не го земам тоа здраво за готово.“