[ВИДЕО] Дали ова е најбизарниот црвен картон во историјата на Мундијалот? Првпат применето новото правило...

Точка

20/06/2026

13:40

1.083

Големина на фонт

а а а

На натпреварот Турција - Парагвај се случи ситуација каква што не сме виделе досега.

Најдобриот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, доби директен црвен картон поради примената на новото правило.

Имено, во продолжението од првото полувреме од натпреварот од второто коло на Светското првенство, Алмирон направи нешто што фудбалерите често го практикуваат, но тоа беше негов момент на деконцентрација.


Парагваецот, по конфликтот меѓу играчите на теренот, ја продолжи расправијата, а во таа прилика си ја покри устата со раката.

Таквиот потег е строго забранет, а турските репрезентативци веднаш скокнаа и му пријавија на судијата Бартон што се случило.


Набрзо потоа, главниот судија доби повик од помошникот од VAR собата, и по краткото гледање на видеото, донесе одлука да му покаже црвен картон на Алмирон.