Шампионот во успешна акција: Барселона го обезбеди второто летно засилување

Дерби

19/06/2026

15:44

348

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот шампион Барселона внимателно работи на трансфер пазарот и покрај тоа што клубот секојдневно е поврзуван со повеќе фудбалери.

Една трансфер операција официјално е затворена, трансферот на напаѓачот Ентони Гордон кој пристигна и веќе беше промовиран на „Камп Ноу“. И додека се чекаат нови вести за играчи како Хулијан Алварез, Жоао Кансело…клубот од Каталонија обезбеди еден играч кој беше трансфер мета на доста тимови од Ла Лига и Премиер лигата-тоа е 19-годишниот Хорхе Салинас Виадеро.

Се работи за играч на Расинг Сантандер кој игра во одбраната, примарна позиција му е лев бек, но може да игра и како стопер. „Спорт“ пренесува дека оваа зделка ќе биде затворена пред крајот на овој месец и Салинас ќе биде регистиран во првиот тим.

Тој забележал 7 асистенции во минатава кампања во втората шпанска лига и бил меѓу најзаслужните за промоцијата на овој тим во шпанската елита.

Откупната клаузула му е 8 милиони евра, но Барса ќе се обиде да ја намали цената во договор со Расинг, а една од опции е да биде позајмен некој играч.

Се очекува Хорхе да добие шанса на подготовките за новата сезона, да работи под палката на Ханси Флик, но заедно со него Барса ќе има доста опции на бековските позиции и јасно е дека некој ќе мора да си замине.