Лионел Меси запиша хет-трик против Алжир и се избори за историски бројки на Светските првенства, но по првиот погодок кој го реализираше, покажа и емоции кои погрешно беа протолкувани во јавноста.
Медиумите почнаа да заклучуваат дека аргентинскиот капитен покажува емоции поради фудбалска причина на стартот на својот шести мундијал, но самиот капитен по натпреварот откри дека се работи за нешто сосема друго, односно за личен проблем кој му носи голем стрес и притисок.
– Точно е дека се расплакав, но го направив тоа за работа која е целосно далечна од фудбалот. Минав низ тежок период и низ тешки денови, имав комплициран период. Благодарен сум им на моите соиграчи кои беа блиску до мене, кои ме поддржуваа и кои ми дадоа сила да бидам добар, – изјави Меси по средбата со Алжир.
Еден ден подоцна, аргентинските медиуми почнаа да откриваат каков личен проблем има Меси, а новинарот Едуардо Феинман посочи дека главна причина за солзите на Лео е неговиот татко.
Според инсајдерски информации на новинарот, здравјето на Хорхе Меси е нарушено и тој се наоѓа во болница, па тоа е главната причина поради која Лео не може да размислува само на фудбал во овој момент.
Новинарот не откри детали за каков здравствен проблем станува збор, но нагласи дека ситуацијата не е воопшто наивна.




