Гана ја расплака Панама со гол во 95. минута, Колумбија го слави неверојатниот Луис Диаз

Дерби

18/06/2026

11:31

285

Големина на фонт

а а а

Двата утрински натпревари кои се одиграа на Светското првенство донесоа целосно дијаметрално различни натпревари, бидејќи на првиот чекавме за гол до самата завршница, а на вториот видовме четири гола во мал спектакл на „Ацтека стадионот“.

Дуелот меѓу Гана и Панама донесе исклучително голема борба и битка за секој метар на теренот, па иако Панамците изгледаа оние кои се поблиску до триумф според статистичките параметри, на крајот победата ја однесоа фудбалерите на Гана.

Африканците дочекаа своја шанса во 95-та минута и искреираа акција по левата страна која заврши со гол, а во херој се претвори Калеб Јиренкји во 95-та минута.

Овој гол направи голема разлика и буквално ги расплака фановите на Панама, бидејќи Гана со овој триумф сериозно влегува во игра за пласман во нокаут фазата.

На вториот меч кој се играше рано по средноевропско време, Колумбија ја оправда улогата на фаворит против дебитантот Узбекистан, кој сепак немаше решение за најдобриот играч на „кафетеросите“.

Луис Диаз покажа дека е во страшна форма после импресивната сезона во Баерн Минхен, па така запиша магична асистенција при мајсторскиот гол на Муњоз, а потоа погоди и за 2:1 откако за Узбекистан историски прв гол на мундијалите постигна Фајзулаев.

Голот на Диаз пристигна во 65-та минута, додека конечните 3:1 ги постави Кампаз во 99-та минута.