Прашале тројца кардиолози што никогаш не пијат – сите го дале истиот одговор

Точка

17/06/2026

20:53

1.590

Големина на фонт

а а а

Ризикот од срцеви заболувања е под влијание на бројни фактори, вклучително и храната и пијалаците што ги консумираме, а според кардиолозите, со еден вид пијалак треба да се биде особено внимателен. На прашањето кој пијалак никогаш не би го пиеле, тројца кардиолози дале идентичен одговор.

Пијалакот што кардиолозите го избегнуваат

„Високиот крвен притисок или хипертензијата е еден од најчестите и најсериозни фактори на ризик за многу тешки состојби, вклучително и срцевите заболувања“, објаснува д-р Ченг-Хан Чен, интервентен кардиолог и медицински директор на Програмата за структурни срцеви заболувања во медицинскиот центар „MemorialCare Saddleback“.

„Она што го јадеме и пиеме може да има огромно влијание врз тоа колку успешно го контролираме крвниот притисок“, додава тој.

Сите тројца кардиолози се согласиле дека енергетските пијалаци се напиток што би го избегнувале.


„Енергетските пијалаци, кои се богати со кофеин и други стимуланси, можат сериозно да му наштетат на срцето“, истакнува д-р Хосам Хмуд, кардиолог во болницата „Lenox Hill“.

Д-р Хмуд објаснува дека енергетските пијалаци често содржат високи дози кофеин, што може да го покачи крвниот притисок и дополнително да го оптовари срцето.

„Поголемото оптоварување на срцето може да доведе до задебелување на срцевиот мускул и потенцијално до срцева слабост“, вели тој.

Тој додава дека покачениот крвен притисок може да го забрза наталожувањето на плаки во артериите, со што се зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Сепак, помалите количини кофеин – до 400 милиграми дневно – се безбедни за повеќето луѓе, вели д-р Блер Сутер, кардиолог од медицинскиот центар „Wexner“ при Државниот универзитет во Охајо.

„Кофеинот е најчесто користената фармаколошки активна супстанца во светот и се смета за безбеден кога се консумира во мали или умерени количини“, наведува таа.


Проблемот не е само во кофеинот

Проблемот е што некои енергетски пијалаци содржат многу високи дози кофеин, заедно со додадени шеќери и стимуланси како гуарана, таурин и Л-карнитин.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести („CDC“), ваквата комбинација може да доведе до покачување на крвниот притисок и забрзана работа на срцето.

Д-р Чен предупредува дека ова може да биде проблематично за секого, а особено за луѓето кои веќе имаат срцеви заболувања.

„Кај пациентите кои имале аритмија, односно нарушување на срцевиот ритам, високите дози кофеин можат да ги влошат симптомите како што се палпитации или прескокнување на срцето“, додава д-р Сутер.


Повременото консумирање не е исто што и секојдневната навика

Повременото консумирање енергетски пијалак најверојатно нема да му наштети на здрав човек, нагласува д-р Чен.

Сепак, тој предупредува дека редовното консумирање на вакви пијалаци не е добро за кардиоваскуларното здравје.

„Иако повремениот внес на енергетски пијалак веројатно нема да предизвика долгорочни последици, секојдневното или повеќекратното дневно консумирање може да доведе до хипертензија и зголемен ризик од нарушувања на срцевиот ритам“, објаснува тој.

Луѓето кои пијат премногу енергетски пијалаци може да почувствуваат забрзано чукање на срцето, болка во градите или вртоглавица.

„Во зависност од сериозноста на симптомите, можеби ќе биде потребно да побараат лекарска помош“, советува д-р Чен.


Што да пиете за повеќе енергија?

Ако барате пијалак што ќе ве разбуди и ќе ви даде дополнителна енергија, д-р Хмуд препорачува една шолја чај или кафе дневно.

„Чајот има бројни придобивки покрај тоа што ја зголемува енергијата, меѓу кои и високото ниво на антиоксиданси“, вели тој.

Со ова се согласува и д-р Сутер.

„Чајот или кафето со минимална количина шеќер би биле најдобриот избор“, истакнува таа.

Таа додава дека е важно луѓето да знаат што точно содржат пијалаците што редовно ги консумираат.

„Би препорачала да проверите колку калории, кофеин, шеќер и други додатоци содржат овие пијалаци, за да можете да процените што е најдобриот избор за вас“, заклучува д-р Сутер.