Клоп импресиониран од аутсајдерот кој ја шокираше Шпанија: Фудбалот не функционира на тој начин…

Дерби

16/06/2026

12:25

393

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп како аналитичар на „Магента ТВ“ е составен дел од секој натпревар на Светското првенство, а сосема очекувано, вчера вест број еден во јавноста беше ремито на Зеленортски Острови против Шпанија.

Големиот аутсајдер режираше сензација на дебито на мундијалите и го сопре еден од главните фаворити за титулата, па во ситуација кога сите очекуваа лесна победа какошто тоа го направи Германија против Курасао, Клоп остана импресиониран од поставеноста на Зеленортските Острови.

Шпанскиот капитен Родри остана фрустриран од поставеноста со низок блок на противникот, меѓутоа Клоп остана импресиониран поради фактот што работата беше завршена исклучително добро.

– За мене на натпреварот на Шшпанија го гледавме најинтересното прво полувреме на мундијалот. Шпанија напаѓаше со се што располага, но Зеленортски Острови се бранеше со низок блок кој беше импресиониран за гледање.

– Многумина не очекуваа ваква тврда партија од Зеленортски Острови, многумина очекуваа победа на Шпанија од неколку голови, но фудбалот не функционира така, особено не на вакви натпреварувања. Секој е подготвен да даде се од себе, сите екипи имаат свои ресурси и цел да се прикажат во најдобро светло, – изјави Клоп.