На социјалните мрежи се појави видео на кое еден новинар открива колку пари потрошил за оброк пред натпреварот меѓу Бразил и Мароко.
Малку позитивни работи може да се кажат за досегашниот тек на Светското првенство. И за случувањата на теренот, но и надвор од него. Новинарот на „ESPN“ не поминал баш најдобро кога пред натпреварот меѓу Бразил и Мароко (1:1) решил да купи нешто за јадење. Не очекувал дека тоа задоволство ќе го чини дури 53 долари, односно околу 3.000 денари.
Видеото што го споделил негов колега брзо стана вирално на социјалните мрежи. Ед Дов купил оброк кој содржел салата, кроасан, подгреано пилешко со јајца и шише вода. За сето тоа платил 53 долари.
„Ме чинеше 53 долари. Бев многу гладен и не ја прашав цената пред да купам. Ми беше непријатно повторно да застанам во ред и да ја вратам нарачката. Со оглед на цената, се надевам дека ова е најдобриот кроасан што сум го пробал“, изјави Ед во видеото.
И самиот е свесен дека неговиот оброк не вреди толку и дека цените се сериозно „напумпани“.
„Сето ова реално чини меѓу 13 и 16 евра. Но бев гладен. Каков беше вкусот? Искрено, не беше ништо посебно. Пилешкото беше полно со вода, ниту салатата не беше нешто спектакуларна. Кроасанот го оставив за подоцна“, додаде тој.
Any journo buying food at the @MetLifeStadium, during this @FIFAWorldCup, should be ready to be taken for a mug. @EddyDove of @ESPNAfrica just went to get a meal. I’ll leave him to tell you how much he paid for it… pic.twitter.com/j2I8F2uZfl
— Osasu Obayiuwana (@osasuo) June 13, 2026
Какви се цените во Канада?
Еден од новинарите кој се наоѓа во Канада и ги следи случувањата на Мундијалот објави и фотографија од цените таму. А ситуацијата не е многу подобра.
Комбинација од два хот-дога и два безалкохолни пијалаци чини 57,50 канадски долари, односно околу 2.400 денари.
Помфритот се продава за 10,25 канадски долари (околу 430 денари), сендвич со пилешко месо чини 25,25 канадски долари (околу 1.050 денари), долг хот-дог се продава за 19,25 канадски долари (околу 800 денари), додека пуканките достигнуваат цена од 12 канадски долари, односно околу 500 денари.
Високите цени на храната и пијалаците на стадионите предизвикаа бројни реакции меѓу навивачите и новинарите, а многумина сметаат дека организаторите максимално ја користат огромната побарувачка за време на најголемиот фудбалски настан во светот.










