Капитенот на Шпанија за тактиката на Зеленортски Острови: Не ја поминаа половината!

Дерби

16/06/2026

12:24

271

Големина на фонт

а а а

Зеленортските Острови испишаа историја на дебитантскиот настап на едно Светско првенство и режираа едно од најголемите изненадувања во историјата на мундијалите, од едноставна причина што играчите на оваа репрезентација одиграа без голови против еден од главните фаворити за највисок пласман.

Шпанија не успеа да го скрши отпорот на независната земја од Атлантскиот Океан и ова беше една од најголемите сензации во поновата историја на Светските првенства, а додека самата јавност на Пиринеите го окарактеризира конечниот резултат како вистинска катастрофа, капитенот Родри излезе без забелешки за своите соиграчи.

Капитенот на шпанскиот тим смета дека тој и соиграчите можат само да жалат за лошата реализација, бидејќи на теренот направиле се што е потребно за да остварат лесна победа.

– Едноставно ова не беше нашиот ден, нема многу за што да тагуваме и да жалиме. Знаевме дека не чека меч кој ќе бара трпение од нас, тие се повлекоа целосно уште на стартот и не можевме да ги пробиеме.

– Креиравме доволно шанси, но ни недостасуваше реализација. Позитивна страна е тоа што тие не креираа ништо против нас, а наше е да ја подобриме реализацијата за следните натпревари. Нивната таткика е таква каква што е, тие не ја поминаа половината, па јасно е дека мора да работиме само на реализацијата во наредните неколку дена, – изјави Родри.