Уапсен е струмичанец – превезувал мигранти без возачка со возило со туѓи регистарски таблички

A1ON.MK

25/07/2026

10:40

429

Големина на фонт

а а а

МВР информира дека синоќа во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с. Богородица – Гевгелија и регионален пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.

Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција.

Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.