Сан Антонио успеа да ги воодушеви НБА фановите на патот до финалето на плејофот, притоа елиминирајќи го и веќе стариот шампион Оклахома Сити, но не се снајде најдобро во серијата со Њујорк, која ја загуби во само пет натпревари.
Виктор Вембањама е предводник на Спарс кој во неколку ситуации испушти голема предност во дуелите со Никс, а и самиот вели дека научил една многу важна лекција од оваа финална серија.
– Една од најважните работи кои ги научив од оваа серија е што просторот за грешка на ваквите натпревари е минимален.
– Доминиравме во најголем дел од натпреварите во оваа серија, но нашите грешки, нашите погрешни потези беа казнети сурово.
– Не смееме да си дозволиме вакви падови во играта, големите падови се главната причина што загубивме, – истакнал Французинот, кој ќе мора да чека нова шанса за прва НБА титула.







