Во Скопје, на општина Аеродром, полициски службеници привеле четворица турски државјани поради нерегулиран престој во државата, а по завршување на процедурите ќе поднесат соодветни пријави.
Приведени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
Вчера во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б. (21), К.У. (25), А.Е. (24) и К.Б. (24), сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.







