[ВИДЕО] Жесток вербален судир во германскиот парламент поради Украина и Москва

Макфакс

12/06/2026

09:30

2.923

Големина на фонт

а а а

Во германскиот парламент се случи жесток вербален конфликт меѓу канцеларот Фридрих Мерц и членовите на десничарската Алтернатива за Германија, поради нивниот однос кон воениот конфликт во Украина и последователните патувања во Москва.

Во германскиот парламент избувна жесток вербален судир меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и членовите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

За време на говорот во кој се осврна на руската агресија, Мерц истакна дека „Украина се брани и се бори за својата слобода повеќе од четири години“. Членовите на АфД во салата гласно се насмеаја на изјавата, што предизвика остра и непосредна реакција од германскиот канцелар од говорницата.

„Тоа е јасен знак, дами и господа. Се смеете на ова, се смеете на судбината на милиони луѓе во Украина, а потоа патувате во Москва на приеми со шампањ“, им рече видливо вознемирениот Мерц, директно критикувајќи ја десничарската опозиција за нивните блиски и чести врски со режимот на Владимир Путин.