[ФОТО] Збогум на ригорозните диети? Дали би погодиле што обожуваат да јадат најголемите фудбалски ѕвезди кога не се на теренот?

Точка

11/06/2026

18:52

320

Големина на фонт

а а а

Денес започнува Светското првенство во фудбал, а додека ги следиме натпреварите, понекогаш размислуваме и за тоа што се наоѓа на чиниите на фудбалските ѕвезди кога натпреварот ќе заврши. Зад врвните перформанси се кријат навики, традиции и омилени јадења кои на играчите им даваат енергија или едноставно чувство на дом.

Некои избираат внимателно испланирани оброци прилагодени на врвниот спорт, други повремено си дозволуваат омилен „чит оброк“ (cheat meal), а за многумина најдраги се вкусовите што ги потсетуваат на семејството и детството.

„TasteAtlas“ преку интересна илустрација откри кои се омилените јадења на некои од најдобрите фудбалери во светот – погледнете што јадат кога не се на теренот.


1. Кристијано Роналдо


Кристијано Роналдо, фудбалерот на португалската репрезентација, често се поврзува со јадењето „Bacalhau à Brás“, класичен португалски специјалитет подготвен од бакалар, кромид, компири и јајца. Ова јадење ја одразува неговата силна поврзаност со португалската кујна.

2. Лионел Меси


Лионел Меси многу го сака јадењето „Milanesa Napolitana“, кое се состои од класичен аргентински паниран стек со доматен сос, шунка и сирење. Ова јадење често се опишува како неговата омилена „храна за утеха“ (comfort food) уште од детството.

3. Килијан Мбапе


Килијан Мбапе отворено изјавил дека ја обожава шпанската пршута, особено „Jamón Ibérico“, и сака да ја комбинира со „Manchego“, класична шпанска комбинација. Откако пристигна во Шпанија, каде што настапува за Реал Мадрид, постојано ги бара најдобрите места каде што може да ужива во овие деликатеси.

4. Мохамед Салах


Мохамед Салах, играч на египетската репрезентација, изјавил дека неговото омилено египетско јадење е „Koshari“, богато улично јадење составено од ориз, тестенини, леќа, доматен сос, зачини и крцкав пржен кромид.

5. Ламине Јамал


Ламине Јамал, шпанскиот фудбалер, го навел оризот со пилешко и сос од кикирики како омилено домашно јадење, инспирирано од корените на неговата мајка од Екваторска Гвинеја. Ова јадење често го јаде пред натпревари.

6. Нејмар


Омиленото јадење на овој фудбалер е класичен бразилски „comfort“ оброк: ориз, грав, стек, помфрит и „Farofa“ (традиционално бразилско јадење кое се состои од пржено брашно од касава). Едноставно, обилно и длабоко познато – секојдневно јадење што многу Бразилци го сакаат уште од детството, па така и Нејмар.

7. Ерлинг Халанд


Ерлинг Халанд, кој игра за норвешката репрезентација, единствен признал дека апсолутно обожава „Kebab“, малку понездраво јадење кое го третира повеќе како повремен „cheat meal“, а не како дел од неговата строга фудбалска исхрана.

8. Хари Кејн


Хари Кејн, англискиот играч, изјавил дека сака лосос, ориз и зеленчук – едноставен, балансиран оброк кој го одразува неговиот дисциплиниран пристап кон исхраната и му помага во напорната фудбалска кариера.

9. Кевин Де Брујне


Кевин Де Брујне, белгискиот фудбалер, изјавил дека неговото омилено јадење кое често го подготвува дома се канелони со спанаќ и рикота „Cannelloni“, утешно италијанско јадење со полесен, вегетаријански пристап.

10. Сон Хеунг-мин


Сон Хеунг-мин, играч на репрезентацијата на Јужна Кореја, го навел „Bulgogi“ со кимчи како своето омилено јадење – класична корејска комбинација од маринирано печено говедско месо и лута ферментирана зелка „Kimchi“.