Пети за иднината на Фернандез и потенцијалната замена: Оваа сезона беше…

Дерби

11/06/2026

14:05

238

Големина на фонт

а а а

Енцо Фернандез веќе некое време е член на Челси со кого има договор до 2032 година што би требало да значи дека нема никакви шанси да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Меѓутоа се уште има дилеми кога е во прашање Енцо и неговата иднина со тоа што медиумите пренесоа дека премиерлигашот би расчистил со Аргентинецот ако на нивна сметка стигне понуда од 120 милиони фунти.

Колку е ова реално ќе покаже времето, но според Емануел Пети играчот од средината на теренот веќе јасно покажал дека сака да ги напушти „сините“ и најдобро е тоа сценарио да се реализира.

- Енцо Фернандез треба да си оди, не можеш да задржиш играч среќен ако сака да си оди. Тој рече дека сака да си замине и беше казнет од клубот. Знам дека веројатно е еден од најдобрите играчи на Челси во последните две години, но не можете да бидете капитен на тимот и да имате ваков вид комуникација. Очигледно е дека сака да го напушти клубот, не сме глупави. Мислам дека е презаситен и уморен од она што се случува во Челси. Оваа сезона беше хаос.

- Очигледно е дека е цел на Реал Мадрид. Реал Мадрид очајно има потреба да добие некои силни и моќни играчи од средниот ред. Нема да бидам изненаден ако го напушти клубот и оди во Реал Мадрид или некаде на друго место, - вели Пети кој смета дека Едуардо Камавинга би бил добра замена.

- Камавинга во размена за Фернандез? Зашто да не? Камавинга е сè уште многу млад играч. Тој го напушти Рен за Мадрид кога имаше осумнаесет години и играше шест или седум години за Реал Мадрид. Тој освои и неколку големи трофеи. Овој човек беше неверојатен млад играч. Не можам да го оценувам неговото ниво во последните две сезони со она што се случува во клубот. Имате толку многу играчи кои не играа добро за Реал Мадрид од различни причини.

- Камавинга може да биде многу добар бидејќи знаеме дека во Челси повеќето од нив се млади играчи. Тој има искуство. Кога доаѓате од Реал Мадрид во Челси откако сте освоиле многу трофеи и играте таму толку многу години и играте за националниот тим, пристигнувате во клубот со искуство кое веројатно му недостасува на Челси. Камавинга е талентиран играч, тој би бил одличен избор, - порачува Французинот.