За 20 минути пред вас ќе имете ручек за паметење: Рецепт за вкусна карбонара со тиквички која ќе ја обожуваат сите

Точка

11/06/2026

15:15

378

Големина на фонт

а а а

Четврток е денот кога веќе немаме сила ниту волја да смислиме што да јадеме за ручек. Затоа ви претставуваме брз рецепт за кремаста карбонара со тиквички што ќе ве воодушеви.

Кон крајот на неделата, се заморуваме и често немаме инспирација, енергија и време да смислиме мени.

Затоа посегнуваме по брзи и проверени рецепти кои гарантираат вкусни и хранливи оброци.

Една таква е пастата карбонара со тиквички, која можеби на почетокот звучи необично, но кога ќе го изедете првиот залак, ќе заборавите на сè што сте помислиле.

Состојки:

400 г шпагети;
200 г панчета;
1 голема тиквичка;
4 жолчки;
100 г рендан пармезан;
1 чешне лук;
Маслиново масло;
Мелен пипер;
Сол по вкус.


Подготовка:

Сварете ги шпагетите, но зачувајте дел од водата за готвење (околу половина чаша) и потоа исцедете ги тестенините.

Загрејте малку маслиново масло во тава, потоа додадете ја панчетата и лукот. Пржете додека не поруменат и не станат крцкави, потоа извадете го лукот.

Потоа додадете ги тиквичките што сте ги изрендале или исечкале на кругови и крчкајте неколку минути, додека не омекнат.

Во посебен сад измешајте ги жолчките, пармезанот и пиперот.

Додајте ги исцедените шпагети во тавата со панчетата и тиквичките, добро измешајте, а потоа тргнете од оган.

Во смесата од јајца и пармезан додадете малку од водата зачувана од готвењето на тестенините, колку што е потребно за да се направи кремаст сос и измешајте ја во пастата.

На здравје!