Државјанка на Велика Британија тешко повредена во сообраќајка на патот Кичево - Охрид

Макфакс

11/06/2026

13:20

215

Големина на фонт

а а а

Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство била тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, кога возилото со кое се возела удрило во заштитна ограда и излетало од коловозот. Повредите биле констатирани во болница во Охрид, а увид извршила полицијата.

Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево–Охрид.

Како што информира МВР, на 10 јуни во 17:50 часот, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добила неговата 23-годишна сопатничка Б.А., исто така од Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид