Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од општина Илинден

Макфакс

11/06/2026

12:30

135

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски додели признанија на најуспешните ученици за нивните значајни резултати на државните натпревари, нагласувајќи ја важноста на поддршката на младите таленти и инвестирањето во образование.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.

На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат гордост за целата општина. Тој истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и мотивира младите таленти, препознавајќи го знаењето како најзначајна инвестиција во иднината.

По тој повод, на учениците и нивните наставници – ментори им беа доделени признанија како знак на благодарност и почит за нивните исклучителни резултати. Признанијата претставуваат поттик за понатамошен развој и афирмација на знаењето, креативноста и натпреварувачкиот дух кај младите.

Наградените ученици остварија забележителни успеси на државни натпревари по повеќе наставни предмети и области, што го потврдува високиот квалитет на образовниот процес во училиштата на територија на општина Илинден, се наведува во соопштението.