СДСМ сега официјално признава ризик од хепатит А и Е во Гостивар

Макфакс

28/07/2026

17:10

130

Големина на фонт

а а а

Властите во Гостивар официјално признаваат ризик од појава на хепатит А и Е поради загадена вода, додека СДСМ реагира и укажува на неспособност и политичка калкулација во справувањето со кризата.

По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, реагира СДСМ.

„Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.

Прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците.

Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести.

Луѓето во Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност и брза реакција, добија политичка калкулација и префрлање на одговорноста.

Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место. Гласовите и тендерите на прво. Ова не е криза што дојде сама. Ова е криза што ја создаде неспособноста и неодговорноста на оние што ја водат државата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз.