Најмоќниот НБА агент е лудо вљубен во Адел: Конечно проговорил за нивната врска

Точка

11/06/2026

13:51

972

Големина на фонт

а а а

Пејачката Адел и спортскиот агент Рич Пол веќе некое време уживаат во слатка романса. Иако ја кријат својата љубовна врска од јавноста, Пол сега направил исклучок и проговорил за врската.

Како гостин во поткастот „Glass Half Full“, чиј водител е новинарот Крејг Мелвин, Рич Пол се осврнал на многу теми, вклучувајќи ја и неговата врска со пејачката Адел.


Како што рекол, славната кантавторка ја познавал многу пред нивното познанство да премине во романтична врска. Иако строго се придржувал до едно правило – да не започнува романтични односи со славни личности се чини дека шармот на Адел бил посилен од неговиот став.


„Никогаш не сум бил тип кој се обидува да ги освои луѓето од тие кругови. Затоа сè меѓу нас се случи сосема природно и спонтано“, истакнал Пол.

Потоа открил и како се запознале.


„Сите бевме во исти кругови, се дружевме, разговаравме и се шегувавме. Сè беше многу пријателски и срдечно“, се присетил тој.


Пол потоа на шега додал дека нивната врска во еден момент престанала да биде „пријателска“ и дека тој станал личност од посебен интерес за познатата пејачка.


Адел и Рич првпат предизвикаа гласини за врска во 2021 година, кога биле забележани заедно на НБА натпревар. Во август 2024 година, пејачката јавно соопшти дека се свршиле.


Инаку Адел беше во брак и со Сајмон Конецки, со кого го доби синот, Анџело. Нивниот брак траеше од 2018 до 2021 година.