И покрај условната казна, скопјанец продолжил да ја демне поранешната партнерка

Макфакс

10/06/2026

15:20

198

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишник од Скопје кој и покрај условната казна продолжил да ја демне својата поранешна партнерка, кршејќи изречени мерки на забрана.

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.К. од Скопје поради сомнение за демнење.

Според полицијата, пријавениот на 6 јуни ја следел својата поранешна девојка, а пред нејзиниот стан во Тетово упатувал закани кон неа и кон нејзиниот вујко.

Од МВР информираат дека ова не е првпат лицето да се гони за истото дело. Тој претходно бил условно осуден на две години од Основниот суд во Тетово поради демнење на истата оштетена.

Со судската пресуда му биле изречени и мерки на забрана, со кои не смеел да ѝ се заканува, да ја вознемирува, да ја контактира телефонски или на кој било друг начин да комуницира со неа. Исто така, му било забрането да ѝ се доближува на растојание помало од 100 метри од нејзиниот дом и работно место.