Уапсен 43-годишник од велешко: затекнат е при обид да изврши кражба во црква

Макфакс

10/06/2026

16:20

192

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Велес уапси 43-годишен маж кој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква. Лицето било приведено и е под истрага за стореното дело.

Ноќеска во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 43-годишниот Д.М. од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје.

На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица..

Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.