Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Макфакс

10/06/2026

14:40

184

Големина на фонт

а а а

Министерството за социјална политика објави дека почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2026 година. Корисниците со дебитни картички можат да ги користат средствата преку банкомати и безготовински плаќања, додека другите можат да ги подигнат парите во филијалите на банките.

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.