Уапсен маж од Косово превезувал брендирана стока без документација

Макфакс

08/06/2026

11:00

155

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во близина на граничниот премин Блаце уапсија 42-годишен маж од Косово кој превезувал поголемо количество брендирана стока без да поседува соодветна документација. По документирањето на случајот ќе следува пријава.

Вчера во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода 42-годишниот Р.Ш. од Косово.

При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал никаква документација.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 278 и 278а од Кривичниот законик, тој е задржан во полициска станица, а пронајдената стока е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.