Уапсени двајца скопјани во Драчево, едниот нападнал полицаец и му се заканувал, а другиот спречувал полицаец да работи

Макфакс

07/06/2026

17:28

152

Големина на фонт

а а а

Во Драчево беа уапсени двајца мажи од Скопје, еден поради напад и закани кон полицаец, а другиот поради спречување на службено постапување на полицијата.

Ноќеска во Драчево полицијата ги уапси М.М.(34) и Н.А.(35), двајцата од Скопје поради тоа што М.М. нападнал полициски службеник и упатувал закани, а Н.А. спречувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.