Скопјанка без дозвола изградила куќа во Трпејца, СВР Охрид ѝ поднесе кривична пријава

Макфакс

07/06/2026

14:28

1.523

Големина на фонт

а а а

СВР Охрид поднесе кривична пријава поради бесправно градење на индивидуална семејна куќа во Трпејца од страна на скопјанка без дозвола од надлежен орган. Инспекцискиот надзор констатираше неправилност и донесе решение за отстранување на градбата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти денес портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски.

Скопјанката на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, изградила индивидуална семејна куќа. Тоа било констатирано по спроведен вонреден инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор кој, врз основа на затекнатата состојба, донел решение за отстранување на градбата.