Гостиварските полицајци привеле 32-годишен маж барано лице за издржување на едногодишна казна затвор поради сторено тешко кривично дело.
Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле 32-годишниот Е.Ф. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.







