Десет мигранти загинаа при превртување на брод близу Малта, додека околу 48 лица беа спасени. Несреќата се случи на опасната морска рута во Медитеранот која ја користат мигранти од Северна Африка кон Европа.
Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите, бродот испловил од либискиот брег и во времето на несреќата превезувал околу 60 лица, објавува.
Опасна медитеранска рута
Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека Малта побарала помош во операцијата за пребарување и спасување „откако се превртел брод со пријавени мигранти на него и луѓе во водата“. Италијански патролен брод пронашол десет тела, а потрагата во областа продолжила во недела попладне. Додадено е дека рибарски брод во близина успеал да спаси 48 преживеани.
Најмалку 827 лица загинале обидувајќи се да го преминат централниот Медитеран оваа година, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), агенција на Обединетите нации. Ова е морска рута од Северна Африка до Италија и Малта. Минатата година, повеќе од 1.330 лица ги загубија животите на истата рута, соопшти ИОМ.







