Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Макфакс

08/06/2026

07:08

192

Големина на фонт

а а а

Денеска делови од општините Бутел и Кисела Вода ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Временските периоди и конкретните улици кои ќе бидат погодени се објавени од ЕВН Македонија.

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булеварот Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од улицата Михаил Чаков, општина Кисела Вода.