Емили Блант неодамна блесна на црвениот тепих во впечатлив фустан. Може да се каже дека таа влезе во својата ера на минималистички креации кои имаат своја модна приказна.
Емили Блант работи напорно на промоцијата на филмот „Disclosure Day“, а по сензационалната асиметрична креација што ја покажа во Париз, сега донесе минималистичка тоалета со јасно дефиниран крој. Имено, Емили се појави на премиерата на гореспоменатиот филм во Лондон, а за таа пригода носеше структуриран фустан од Стела Мекартни во боја на лаванда.

Оваа романтична креација претставува комбинација од класична елеганција и модерен гламур заокружени со минималистички детали. Фустанот е изработен од нежна чипка украсен со цветни мотиви, а има јасно дефиниран пеплум кој ја дава токму таа нота на модерност.
Горниот, корсетски дел од фустанот ги нагласува нејзините женствени рамена, додека долниот којшто се состои од струкирано здолниште ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура.

За да го комплетира стајлингот, Емили се одлучила за додатоци од брендот „Hassanzadeh“, а впечатливото парче накит беа висечките обетки. Што се однесува до шминката, таа се одлучила за нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината убавина.
Идејата била да се нагласи природниот изглед на актерката, без прекумерна употреба на модни додатоци и шминка - и таа повторно го постигна тој „wow“ ефект.









