Променливо облачно, во планинските региони можни поројни дождови

Нетпрес

05/06/2026

07:30

319

Големина на фонт

а а а

Потоа следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, времето исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Потоа следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме, прогнозира УХМР.