[ФОТО] Со емотивна порака се огласи сопругот на Шумахер и објави фотографии од свадбата: „Мој љубовнику, мое прибежиште…“

Точка

04/06/2026

19:34

535

Големина на фонт

а а а

Поранешниот возач на Формула 1 и брат на легендарниот Михаел Шумахер, Ралф Шумахер, минатиот викенд се ожени со својот партнер Етиен Буске-Касањ, со кого е во врска повеќе од две години, откако јавно призна дека е геј.

Потсетуваме, Ралф се разведе од сопругата Кора уште во 2015 година, а јавно објави дека е хомосексуалец во 2024 година. Две години подоцна, тој и Етиен се венчаа на гламурозна свадба во Сен Тропе.

Етиен Буске сега објави и фотографии од свадбата, а веселбата ја снимале камери и сè премиерно ќе биде прикажано на 6 јуни на германската телевизија Скај.


Етиен на Инстаграм, покрај фотографиите на кои тој и Ралф Шумахер се бакнуваат, објави и емотивна посвета за својот сопруг.

„Минатиот викенд започна првото поглавје од нашиот заеднички живот.

Пред сите оние кои нè сакаат, стојам овде со срце полно радост и емоции за да ти кажам колку те избирам – тебе, засекогаш.


Откако се запознавме, мојот живот доби сосема поинаква боја. Внесе светлина во моите понекогаш обични денови, смеа што лекува сè и онаа слатка сигурност што никогаш претходно не сум ја почувствувал. Покрај тебе се чувствувам жив, слободен да бидам тоа што сум, целосен. Денес сè може да се промени, и токму тоа сега се случува.


Заедно ќе ги следиме нашите инстинкти и нашите желби, оние најубавите и најважните. Ти ветувам дека секој ден ќе те сакам малку повеќе, дека ќе го почитувам сето она што си, дека ќе те поддржувам во твоите соништа, но и во тешките моменти и дека ќе продолжам да те изненадувам и да ти измамувам насмевка.


Ти си моето прибежиште, мојот соучесник, мојот љубовник и мојот најдобар пријател. Со тебе повеќе не се плашам од иднината, бидејќи знам дека ќе ја градиме рака под рака.


Од денес официјално ќе бидам твој сопруг, а ти мој. До крајот на животот сакам да го истражувам светот со тебе, да ги делиме малите секојдневни радости, како и големите авантури, и заедно да растеме во оваа љубов што нè прави посилни.


Те сакам бескрајно, мој сопругу, мое сè.

Твој сопруг, засекогаш“, напишал Етиен.