Патрис Евра привлече доста внимание во моментот кога Арсенал стави крај на 22-годишното чекање во Премиер лигата, а неколку дена по финалето во Лигата на шампиони, сега се најде во фокусот со луд перформанс.
Евра беше човекот кој го нарече Арсенал „Нетфликс ФК“ поради фактот што секоја сезона имаше нов обид за титула во Премиер лигата, но откако Микел Артета и неговите играчи ставија крај на долгото чекање, Евра сега се нафрли на друго поле.
Патрис реши да се шегува со „топчиите“ поради претрпениот пораз во Лигата на шампиони, натпреварување кое и натаму не е дел од витрините во Северен Лондон.
– Момци, јас бев голем џентлмен, но дел од фановите на Арсенал се премногу комфорни. Конечно освоивте титула после 22 години шеги на ваша сметка.
– Сега, подгответе се за 50 години шега поради „клемпавкото“, – гласи објавата на Евра, во која доминира и рефренот „Не може да го допрете ова“.







