Њујорк Никс продолжува со својата доминација во НБА плејофот, па така рано утрово ја забележа 12-та победа во низа, прва во НБА финалињата по пауза од 27 години.
Судбината повторно ги спои Никси со Сан Антонио после речиси три децении, но разиграниот тим од Истокот му фати мерка и на тимот од Тексас, и тоа на негов терен.
По двете „метли“ во полуфиналето и финалето на Истокот, Њујорк продолжи во ист ритам и во големото НБА финале, при што одново ја презентираше својата извонредна тимска игра.
Гостите губеа со 14 разлика во третата четвртина, но успеаја да се изборат за пресврт и водени од Брансон стигнаа до голема победа од 95:105.
Њујорк клучната разлика ја направи во последните 12 минути кои ги доби со 29:19, а прво име на паркетот беше Брансон со 30 поени и 2 асистенции.
Карл Ентони Таунс доминираше под кошевите со 18 поени и 12 скокови, Ануноби уфрли еден поен помалку, додека Витор Вембањама беше најефикасен во Сан Антонио со 26 поени и 12 скокови.







