Арапските земји бесни на Иран по ракетниот напад врз Кувајт и Бахреин

Макфакс

03/06/2026

17:40

190

Големина на фонт

а а а

По ракетниот напад од Иран врз Кувајт и Бахреин, арапските земји изразија силна осуда поради погодените цивилни објекти и предупредувања за растечка нестабилност во регионот.

По ноќниот ирански ракетен напад врз Кувајт и Бахреин, во кој загинало едно лице, а над 60 се повредени, на Блискиот Исток избувна силна дипломатска криза.

Кувајт, Бахреин и повеќе арапски држави остро го осудија нападот, наведувајќи дека биле погодени цивилни и витални објекти, како и дипломатска мисија. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија го нарекоа нападот „терористички чин“ и тешко кршење на меѓународното право.

Осуди пристигнаа и од Катар, Јордан, Јемен и Либан, при што повеќето држави предупредија дека ваквите акции ја зголемуваат нестабилноста во регионот и претставуваат директно кршење на суверенитетот на државите.