Заврши драмата во Дортмунд: Србин ги држеше трите ќерки како заложници, подоцна се предаде

Макфакс

03/06/2026

07:55

906

Големина на фонт

а а а

Заложничката криза во Дортмунд заврши кога српски државјанин кој ги држеше своите три ќерки како заложници, се предаде на полицијата по повеќечасовна опсада. Инцидентот започна со напад во ресторан, а полицијата навремено интервенираше за да ги спасе децата и да го уапси сторителот без отпор.

Заложничката криза во Дортмунд е завршена. Човекот кој пукаше во полицаец во вторник вечерта, а потоа се забарикадира во стан во градскиот округ Хехстен со три од неговите деца, се предаде на полицијата рано утрово околу 3:30 часот, објави.

Сторителот е 51-годишен српски државјанин кој ги држел своите три ќерки, на возраст од 7, 10 и 12 години, како заложници.

Тој се предаде и беше уапсен без отпор
Девојчињата беа неповредени и по драмата беа згрижени од полицијата. Полицаецот врз кој беше пукано носеше заштитен елек и претрпе само полесни повреди.

Куќата беше опколена доцна навечер од тешко вооружени специјални полициски службеници, а на местото на настанот беше и оклопно возило. Преговарачкиот тим се обиде да го убеди човекот да се предаде, првенствено за да ги заштити животите на децата. Напнатоста траеше до доцна во ноќта. Откако наводно контактирал со своите родители, човекот се предаде и беше уапсен без отпор.

Напад во ресторан претходеше на опсадата
На драмата ѝ претходеше инцидент во ресторан во Дортмунд, каде што еден маж дивееше со палка, им се закануваше на гостите и прскаше солзавец пред да избега со автомобил.

Полицијата пристигна на неговата адреса во населбата Хохстен околу 19:15 часот откако жена го пријави инцидентот. Кога пристигнаа, мажот излезе од зградата и пукаше со пиштол од мал калибар кон полицаец.

„Куршумот го погоди заштитниот елек на еден од полицајците што реагираа“, изјави портпаролот на полицијата доцна во вторникот навечер. „Според досегашните информации, полицаецот е лесно повреден.“ По пукањето, сторителот избега во куќа и се забарикадира.