Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран не е завршена и дека секоја одлука за воени активности зависи од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој истакна дека силите на двете земји се подготвени и дека Иран е ослабен по претходните напади.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Си-ен-би-си“ изјави дека секоја одлука за целосно враќање кон војни акции против Иран ќе зависи од американскиот претседател, Доналд Трамп.
Нетанјаху нагласи дека и американските и израелските сили се целосно подготвени за такво сценарио.
Во продолжение на разговорот, тој додаде дека конфликтот со Иран сè уште не е ни блиску до завршување, но истакна дека Техеран е значително ослабен по досегашните удари.







