Флорентино Перез не стравува од Енрике Рикелме и убеден е дека ќе слави убедлива победа на претседателските избори кои ќе се одржат во недела, но пред да дојде ред на тоа, најави дека утре ќе го објави и името на првото договорено големо летно засилување.
Долгогодишниот претседател на Реал Мадрид се бори за нов мандат и сака да добие стабилност која беше разнишана со лошите две сезони во низа, па како човек кој одново се бори за престолот во „кралскиот клуб“, ги уверува фановите дека во иднина ќе гледаат сцени на кои навикнаа во минатото.
– Ќе ви откријам неколку имиња уште пред да дојде недела. Луѓето не се сомневаат во мене, луѓето добро ме познаваат. Јас сум предизвикувал возбуда во сите 23 години како претседател на Реал Мадрид, оние што ме познаваат, знаат дека секогаш ги носам најдобрите играчи во Реал Мадрид и дека ќе освоиме некоја титула во Лигата на шампиони.
– Првото големо засилување ќе го објавам во четврток, – вели Флорентино во интервјуто за „Ел Еспањол“.
Според најавата на Перез, првото големо летно засилување треба да биде соопштено утре, а угледната „Марка“ уверува дека тоа ќе биде еден од Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.







