Дрво паднало врз 51-годишен жител на Валандовско, тешко повреден

Макфакс

24/06/2026

14:20

272

Големина на фонт

а а а

Педесет и едногодишен жител од село Пирава во општина Валандово се здобил со сериозни повреди откако врз него паднало дрво додека сечел дрва во близина на браната Водоча. МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Педесет и едногодишен маж од валандовското село Пирава се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднало дрво додека вршел сеча на дрва во близина на браната Водоча.

Како што информираат од МВР, на 23 јуни во 15:51 часот во СВР Струмица од Медицинскиот центар во Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Ч. (51) од село Пирава.

Според пријавеното, несреќата се случила во близина на браната Водоча, каде што мажот вршел сеча на дрва, при што врз него паднало дрво.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.