Сончево со мала до умерена облачност: попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд

Макфакс

03/06/2026

06:43

232

Големина на фонт

а а а

Временската прогноза најавува сончево време со мала до умерена облачност со можност за локална нестабилност попладне, која ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одредени региони.

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.