Делови од Бутел денеска без струја

Макфакс

03/06/2026

07:12

239

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД објави дека денеска одредени делови на општина Бутел ќе останат без електрична енергија во три временски интервали, поради планирани технички зафати.

Делови од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис Дон, општина Бутел;

– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова, општина Бутел;

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија, општина Бутел.