[ВИДЕО] Елвир Мекиќ за случката кога објавиле дека е киднапиран: „Ми се јави Игор Џамбазов и ми рече – ‘не те прашувам ништо, само...’“

Точка

02/06/2026

16:55

938

Големина на фонт

а а а

Елвир Мекиќ наголемо се подготвува за концертот на 6 јуни во Скопје, кој ќе биде заеднички со неговиот најдобар пријател, соработник, но и кум, Јован Јованов.

Неодамна, пејачот гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров, каде што зборуваше за детството, кариерата, животот некогаш и денес, но и раскажа една интересна случка за неговото „киднапирање“.

Елвир објасни дека тогашниот новинар на „Свет“, Александар Наков, објавил напис дека Елвир е киднапиран и дека по излегувањето на веста му се јавил Игор Џамбазов за да му понуди засолниште.

„Александар Наков беше многу продуктивен новинар тогаш, тој пишуваше и го полнеше списанието „Свет“ и навистина сите го читаа. И со сите соработуваа“, рече Елвир и призна дека иако за него се пишувале секакви работи, многу допринеле за неговата кариера.


„Еднаш објавија дека ме снемало, дека ме киднапирале. Наков вели „праќајте ми слики додека сте таму“, ние бевме на Евровизија 10-тина дена цела екипа и бевме во Москва. Ние сме пратиле некои слики, помеѓу сликите била и некоја со модел на Викторија Сикрет. Сме се сликале дали во бекстејџ... И бидејќи тој е многу креативен и ден-денес, вика „еј слушај јас ќе напишам дека дечко ѝ е некој мафијаш и дека ти си се „мотал“ со неа и дека те киднапирале“.

„Јас му викам дали си нормален, а тој ми вика „не се секирај сè е океј“ и така завршуваат сите разговори – „добро е за твојата кариера“, вели Елвир кој раскажа дека брзо се дознала веста дека е „киднапиран“.


„Истиот ден, ние некаде шетаме со екипата на Црвениот плоштад и ми ѕвони телефонот – „private number“. И викам „ало“ и оттаму некој ми вика „Елвир?“, и гласот познат. Ме прашува „како си“ и викам „добар“. Вика „Игор Џамбазов на телефон“. „Не те прашувам ништо, ако ти треба засолниште само кажи, ќе пратам некој да те земе јас ќе те засолнам“.

„Чита во „Свет“ дека јас сум киднапиран, ама таму имаше и некоја реченица „или избеган да се сокрие“.

Мекиќ раскажа дека никогаш претходно не го видел Џамбазов, не го познавал и дека никогаш потоа не го видел, а имал желба за да му се заблагодари.

„Во тој момент знам дека и тој имаше некои животни предизвици, вика „не те прашувам ништо, само дали си добро и ако ти треба засолниште, јас ќе ти помогнам“. Му кажав дека нема потреба“, раскажа Елвир и јавно му се заблагодари на Џамбазов за намерата.

„Тоа е многу големо“, заклучи пејачот.