Во Гостивар извршен е претрес во домот на лице осомничено за повеќе кривични дела, при што биле одземени докази и тој бил уапсен од страна на полицијата по добиена судска наредба.
Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот Т.Џ. од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик.
При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис.
Пронајдените предметите се одземени, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







