Општина Аеродром: Ново лице за улица „Лисец“ – крак десно во Горно Лисиче

Макфакс

02/06/2026

11:40

194

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улица „Лисец“ во Горно Лисиче, кој претставува значаен инфраструктурен проект за уредување и подобрување на сообраќајницата и животните услови на жителите.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улица „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект со кој, после долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед.

Со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите. Во рамките на проектот се поставува нов асфалт, се градат нови тротоари, а целиот потег добива уреден и модерен лик, велат од Општината.

Со проектот се реализира:

· Целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри

· Поставување нов тампонски слој и нов асфалт

· Над 3.300 м² нова асфалтна површина

· Изградба на нови тротоари со површина од 1.400 м²

Паралелно и согласно со предвидената динамика, се реализираат и активностите на улица „Лисец“ (крак лево), со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива уреден, безбеден и современ изглед.

Вредноста на проектот изнесува околу 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата, соопштуваат од Општина Аеродром.