Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

Макфакс

02/06/2026

11:50

171

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на нов училишен базен во општина Карпош говореше за капиталните инвестиции кои Владата ги планира во соработка со општините, вклучувајќи околу половина милијарда евра распределени преку различни програми и повици.

„Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот училишен базен во општина Карпош.

„Јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат. Така што во таа насока е и овој проект. Што се однесува до Владата ние продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми во суштина и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милијарда евра.

Од прилика тоа е инвестициската активност којашто оваа влада за овие не цели две години откако е избрана ја реализира заедно во соработка со општините. Така што, во насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи.“, додаде Мицкоски.