Вчера во Скопје се одржа седмиот конгрес на НСДП на кој беше реизбран Горан Мисовски за претседател на партијата. На конгресот беа усвоени важни програмски документи, меѓу кои Декларација за заштита на трудот и други клучни одлуки за мандатниот период 2026-2030 година.
Вчера во Скопје се одржа Седмиот конгрес на НСДП на кој за претседател беше избран Горан Мисовски, досегашниот претседател на партијата. На Конгресот беа избрани Централен одбор со 70 члена и Надзорен одбор со 9 члена.
Покрај изборот на претседател на партијата и партиски органи за мандатниот период 2026-2030 година, делегатите на Конгресот го разгледаа и усвоија Извештајот за работата на НСДП за периодот 2022-2026 година.
Седмиот конгрес на НСДП усвои и неколку програмски документи: Декларација за заштита на трудот, Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос, како и Етички кодекс на НСДП.

„НСДП ја усвои Декларацијата за заштита на трудот имајќи ги предвид тешката општествена и економска положба на обичните работници, нефункционирањето на економско-социјалниот дијалог, понижувањето на синдикалната борба, како и отсуството на реални кризни мерки за поддршка на најранливите и најзагрозените граѓани. Затоа VII Конгрес на НСДП ја реафирмира заложбата за заштита на трудот и за негово вистинско вреднување во процесот на создавање и распределба на општественото богатство. НСДП останува на уверувањето дека економскиот напредок има смисла само доколку се одразува врз животниот стандард и сигурноста на граѓаните. НСДП со оваа Декларација ја афирмира идејата дека трудот не е само фактор на производство – трудот е капитал, општествена вредност и темел на демократското општество“, соопштија од партијата.
Од таму велат дека партијата е определена за доследна и принципиелна борба против корупцијата, злоупотребата на функцијата и судирот на интереси, како и за воспоставување и унапредување на систем на финансиска транспарентност, отчетност и одговорно управување со јавните ресурси, како предуслов за градење доверба на граѓаните во институциите и политичките субјекти.











