Мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајни несреќи

Макфакс

01/06/2026

14:20

201

Големина на фонт

а а а

Две одделни сообраќајни несреќи во Кичево и Гостивар резултираа со повредени мотоциклисти. Во првата несреќа учествуваа три возила, а во втората патничко возило и мотоцикл. Повредените се префрлени во медицински установи за соодветна нега.

Вчера во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје.

Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Исто така вчера, во 14:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – село Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П.(33) од село Чегране, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(40) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.