Оваа мала бобинка ги штити срцето, мозокот и крвните садови

Точка

01/06/2026

11:59

552

Големина на фонт

а а а

Боровинките со години се наоѓаат на листата на најздрави намирници, а експертите истакнуваат дека нивната вредност произлегува од богатиот состав на хранливи материи и големото количество антиоксиданси.

Освен што се вкусни и освежителни, овие ситни бобинки можат да имаат значително влијание врз здравјето на срцето, мозокот, имунолошкиот систем и целиот организам.

Тие содржат антоцијанини, витамини Ц и К, манган и прехранбени влакна, благодарение на кои му помагаат на организмот во борбата против оксидативниот стрес и воспалителните процеси.

Токму овие процеси се поврзани со развојот на бројни хронични заболувања, поради што боровинките често се вбројуваат меѓу најкорисните намирници за секојдневна исхрана.


Меѓу најважните придобивки што се поврзуваат со консумирањето боровинки е нивното позитивно влијание врз здравјето на срцето и крвните садови. Редовната консумација може да придонесе за намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол, како и да помогне во одржувањето на здрав крвен притисок. На тој начин се намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Антиоксидансите присутни во боровинките можат да имаат важна улога и во заштитата на мозочните клетки од стареење. Експертите наведуваат дека нивната редовна консумација може позитивно да влијае врз меморијата, концентрацијата и зачувувањето на менталните способности.


Боровинките можат да помогнат и во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, бидејќи ја подобруваат чувствителноста на организмот на инсулин. Поради тоа често им се препорачуваат на лицата кои сакаат да ја намалат веројатноста за развој на дијабетес тип 2.

Нивната висока содржина на влакна придонесува за подобро варење, го поддржува растот на корисните бактерии во цревата и помага во зачувувањето на здравјето на дигестивниот систем. Покрај тоа, витаминот Ц придонесува за зајакнување на имунитетот.


Препорачаната дневна количина изнесува околу 180 грама свежи боровинки, односно приближно 80 бобинки. Експертите сметаат дека токму оваа количина е доволна за постигнување на најголемите здравствени придобивки.

Боровинките можат да се јадат самостојно, но и дасе додаваат во овесни снегулки, јогурт или смути напитоци. Во голема мера ги задржуваат своите нутритивни вредности и во лиофилизирана, односно сушена форма.


Благодарение на нивната едноставна примена во секојдневната исхрана и бројните потенцијални придобивки за здравјето, боровинките со право се сметаат за една од највредните намирници што можат да се најдат на трпезата.